Според информацијата која утринава министерот за здравство, Венко Филипче, ја добил од Центарот за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ, се прават анализи за четири случаи од Тетово. Тие треба да се секвенционираат, рече министерот, нагласувајќи дека лицата се суспектни на јужноафриканската варијанта.
„Тоа значи дека, ете, има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање или нег.
Утрово зборував со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во „Жан Митрев“ и нема информација дека има друг случај на делта варијантата, истакна министерот Филипче.






