Наим Синани, уредник на вести во Македонската телевизија, се надоврза на реакциите во јавноста за обраќањето на албански јазик на спикерот Талат Џафери во Европскиот парламент.



„Да бидеме начисто, со статусот што го имаме, кога РСМ ќе стане дел од ЕУ, албанските европратеници ќе мора да зборуваат на македонски јазик.

ВМРО бара разрешување на спикерот Џафери поради тоа што зборувал албански во ЕУ. Ова е доказ дека македонските партии не научија од нерешавањето на внатрешните проблеми со Албанците уште од 90-тите години, кога заедничката албанско-македонска држава ќе можеше да биде дел од ЕУ и НАТО пред соседните земји, кои беа познати по негирањето на македонскиот идентитет и јазик, а воедно и оспорувањето на историјата. Но, оваа иницијатива на македонската опозиција ги разоткрива албанските политичари, кои свесно манипулираат со албанското мислење, дека наводно Албанците и албанскиот јазик постигнале еднаквост во РСМ.

ВМРО, всушност, го истакнува она што го кријат албанските политичари, особено владејачката партија, дека законот предвидува ограничена употреба на албанскиот јазик и статусот на Албанците е големо малцинство. Со овој статус на Албанците, албанските партии работат дење и ноќе за да ја однесат РСМ во ЕУ. А со статусот на Албанците и на албанскиот јазик во РСМ, кога земјата ќе стане дел од ЕУ, европратениците Албанци од РСМ во Европскиот парламент и во другите институции на ЕУ ќе мора да зборуваат на македонски јазик“, коментира Синани на својот профил на Фејсбук.