Иако овие денови на големо се зборуваше за помирување на Анџелина Џоли (42) и Бред Пит (53), сепак, актерката, на црвениот килим на филмскиот фестивал во Торонто, на сите им  даде до знаење дека разводот сѐ уште е во план. Џоли со себе ги зеде сите деца: Мадокс (16), Пакс (13), Захара (12), Шило (11) и близнаци Вивиен (9) и Нокс (9) наместо сопругот. Децата дојдоа да го поддржат анимираниот филм “The Breadwinner”, кој го продуцираше Анџелина, врз основа на најпродаваниот, истоимен бестселер на канадската авторка Дебора Елис. Актерката не ја симна насмевката од лицето, па многумина коментираа дека таа „го вратила“ поранешниот сексипил иако не била гламурозно облечена.



„Овој филм е шокантна приказна за една Авганистанка која се претвора во момче. Милиони млади девојки во Јужна Азија растат во конфликти и угнетување, и мора да им помогнат на своите семејства да преживеат во вакви услови“ вели Џоли и додава дека работата на овој проект длабоко ја потресло и растажило.

Анџелина и Бред се разделија во 2016. година по 12 години заеднички живот и две години брак. Оскаровката поднесе барање за развод, повикувајќи се на непомирливите разлики како причина, и бара старателство над децата.