Во Куманово уапсен осомничен за воени злосторства во Косово

„Во Куманово е уапсен Србин врз основа на потерница издадена од УНМИК“, – пренесува весникот на албански јазик „Лајм“, повикувајќи се на информација на „Бота сот“ врз основа на пишувања на српски медиуми.



Лајм“ пишува: „Во Куманово бил уапсен Србинот раселен од Приштина со иницијали Д.М. (52), кој е осомничен за воени злосторства извршени во Косово. Тој е уапсен на граничен премин, додека патувал со сопругата на одмор во Охрид. Д.М. ги негираше обвинувањата, со кои се товари за убиство и нанесени телесни повреди извршени кон трето лице. Адвокатот на Д.М. побара неговиот клиент да биде ослободен.“

Инаку, во оваа информација не се наведува поконкретно за какви воени злосторства се товари уапсеното лице.
„На уапсениот му е определен екстрадициски притвор во траење од 30 денови. Според наредба на дежурен судија тој е испратен во затворот во Куманово. Против одлуката за упатување во екстрадициски притвор уапсениот има право на жалба во рок од 48 часови“ – стои на крајот во веста, која ја пренесува „Лајм“.