Индиски сој: МЗ апелира, вакцинирајте се, а преку границите на Македонија може да влезе секој

По вчерашното детектирање на 7 пациенти на индиски „делта“ вирус, за кои се тврди дека не биле вакцинирани, од Министерството за здравство со апел граѓанит да се вакцинираат.



И покрај повиците на лекари да се преземат мерки за ограничување на влез на границите на Македонија, засега од Министерството без реакција.

Лењкари предупредуваат дека е бесмислено змји како што е една Грција која има 25 повеќе пати на заразени од „делта“ вирусот да инсистира на тестови на наши граѓани кога влегуваат во таа земја, а да немаобратна мерка.

Во Грција влчреа, во споредба со понеделникот, удвоен е бројот на новозаразени од корона.

ОД МЗ денеска со соопштение:

Вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот во земјава, а со тоа да се спречи и евентуален нов силен бран на вирусот. По детектирањето на 7 пациенти кај кои е регистрирано присуството на индиската варијанта, се утврди дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат. Секоја вакцина е ефикасна и штити од тешка форма на болеста, компликации или смртен исход, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

„Делта сојот е присутен во околу 100 земји во светот, оттука ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас. Состојбата во нашата земја, гледано од епидемиолошки аспект засега е мирна, секојдневно се следи ситуацијата и се прават анализи на истата. Сепак, делта сојот има висока трансибилност, оттука важно е граѓаните масовно да се вакцинираат. Сите официјални информации од меѓународните здравствени институции, домашни анализи на експерти и стручњаци во областа на вирусологијата и епидемиологијата, укажуваат на тоа дека единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот или другите соеви на SarsCov2 е вакцинацијата. Сите вакцини кои ги има кај нас се безбедни признаени од СЗО и националните институти на земјите што ги произведуваат. Секоја вакцина е ефикасна и штити од тешка форма на болеста, компликации или смртен исход. Апелираме до граѓаните дека е важно да спрoведеме брза и ефиксна вакцинација, затоа упатуваме апел и повик до сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација или се двоумат, што побрзо да се вакцинираат. Вакцините се безбедни, ефикасни и единствен начин да ја одржиме состојбата стабилна. Веќе од понеделник 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација така што вакцините ќе бидат достапни до секого и секаде“, се вели во информацијата на Министерството за здравство.