Под строги безбедносни мерки, денеска се очекува Врховниот суд да одржи јавна седница за пресудата за случајот „Диво Насеље“. Предметот се најде пред највисокиот суд откако се поднесоа жалби против пресудата која пред две години ја потврди Апелацискиот суд во Скопје.
Поради обемноста на предметот односно големиот број на осудени лица, предвидено е седницата да трае два дена (денеска и утре).
-За одржување на јавната седница известени се Јавното обвинителство на Република Македонија и обвинетите и нивните бранители, кои во рокот предвиден за жалба или за одговор на жалба барале да бидат известени за седницата,велат од Врховен.
За настаните од кумановската населба на 9 и 10 мај 2015 со затворски казни осудени се вкупно 33 лица, а ослободителни пресуди добија четири лица.






