Срамен графит: „Срби на врби“ испишано на српскиот конзулат во Пловдив

Српското МНР ги ги повика бугарските власти „што побрзо да реагираат и да го пронајдат виновникот“ откако на зградата насрпскиот конзулат во Пловдив, беше испишано „Срби на врби“.



„Тоа е извик под кој беа извршени најмонструозните масовни злосторства против српскиот народ во Втората светска војна на територијата на поранешното нацистичко создавање на Независна држава Хрватска, и кое беше шовинистичко мото при протерувањето на српското население од Република Хрватска во т.н. операции „Блесок“ и „Бура “, потсетува Министерството во соопштението.

Министерството изрази уверување дека провокацијата не потекнува од граѓаните на Бугарија, затоа што како што наведоа двете земји и народи воспоставија високо ниво на доверба и пријателски односи. 

Србија очекува брза реакција и пронаоѓање на сторителот.