Д-р Ненад Лазаров смета дека треба да има еднонеделна изолација во Велес по регистрираниот четврти случај со Делта сој.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше за нов позитивен случај на Делта сој во Велес, кој се лекува во велешката болница и е во здравствена стабилна состојба.
Велешанецот на возраст од 43 години, позитивен на Ковид-19, а кај кого е докажан делта сојот, повеќе од една недела бил хоспитализиран на Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница. Тој се вратил во земјава од Лондон, Англија, пред околу две недели.
Пациентот е во добра општа состојба, нема температура, на почеток имал само кашлица, и не покажал други симптоми на вирусот. Поради контакт со него, изолација и е одредена на неговата сопруга.
Од останатите три лица позитивни на индниската мутација на коронавирусот едно лице е во тешка здравствена состојба.
„Австралијанците сега веднаш би го затвориле Велес на само пет дена, колку што просечно трае периодот на инкубација на Делта сојот. Во оваа фаза, додека вирусот не се прелеал низ целата држава, може да се затвори само еден град за да се спречи локална трансмисија. Подоцна дури да ја затворат и целата држава, ќе биде попусто“, смета професорот на Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски.






