Илјадници Индијци биле жртви на голема измама, примајќи лажна антиковид вакцина, а меѓу уапсените има и лекари и други медицински работници, пренесува Си-Ен-Ен.
Висок претставник на индиската полиција изјави дека измамата е откриена на најмалку 12 локации во Мумбаи и дека медицинските работници им вбризгуваат солен раствор на пациенти наместо вакцина за коронавирус.
„Се проценува дека 2.500 луѓе примиле лажна вакцина. Организаторите заработиле 28.000 американски долари од лажните вакцини”,, пренесува хрватскиот портал Индекс.хр.
Досега се уапсени 14 лица, а се очекуваат уште апсења поради давање лажни вакцини.
Ситуацијата со коронавирусот во Индија оваа пролет беше катастрофална, десетици илјади луѓе починаа, над 40.000 нови случаи беа регистрирани дневно, здравствениот систем доживеа целосен колапс, па луѓето умираа на улиците.
Поради големиот број мртви, немаше места на гробиштата, па телата беа палени на улиците.
Таканатрачениниот мутиран Делта или индиски сој на вирусот потекнува од Индија.
Дојче веле во февруари предупреди дека измамници нуделе лажни вакцини и во Германија






