Вчера е детектиран нов случај на индискиот сој на пациент кој се лекува во Велес, соопшти министерот Венко Филипче.
„Детектиран е уште еден случај, кој се лекува во Велес, и има лесна клиничка слика и чекаме резултати за четири пациенти, само еден е во потешка слика на респираторна машина, другите со стабилна клиничка слика. Скринингот кој се прави на тестовите ја исклучува британската варијанта. Што значи дека секаде каде скринингот ќе покаже дека не е британската варијанта, се прави испитување дали е индискиот сој“
Филипче вели дека четирите пациенти кои се испитуваат, не се поврзани со случајот во Велес.
Досега се потврдени четири случаи на индискиот (делта) сојот во Македонија, а се чекаат резултати на уште четири граѓани за кои нема информации дали патувале надвор од земјава, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.
Микробиологот Д-р Никола пановски вчера во гостување на Сител предупреди дека треба да се преземат превентивни мерки против евентуални ширење на индискиот сој на коронавирусот и за праша зошто Комисијата за зџаразни ја огнорира опасноста од делта сојот







