По „Вечерњи лист“ Орбан платил оглас и во германски „Билд“: Ние велиме „не“ на европска империја

Цела страница оглас во денешниот „Билд“, платил унгарскиот премиер виктор Оран каде ги презентирал своите предлози како да се зајакне Европската унија.



Во последната точка од предлозите на Орбан е Србија, за која унгарскиот премиер вели дека мора да стане дел од ЕУ.

Претходно, огласот кој содржи седум точки Орбан го објави во хрватски „Вечерњи лист“

  • Во Брисел градат таква супердржава за која никој не дал овластување. Ние велиме „не“ на европската империја.
  • Интеграцијата е средство, а не цел само по себе. Од темелните договори на ЕУ треба да се избрише целта за „потесна унија меѓу народите во Европа“
  • Одлуките треба да ги носат избрани лидери, а не меѓународни невладини организации! Ние велиме „не“ за аутсорсинг на владеењето на правото.
  • Силата на европската интеграција е обезбедена со заеднички економски успеси. Ако не можеме да бидеме поуспешни заедно отколку индивидуално, тогаш тоа е крајот на Европската унија.
  • Следната деценија ќе биде период на опасни предизвици: ни се закануваат масовни миграции и пандемии. Ние мора да ги заштитиме луѓето во Европа.
  • Ние мора да ја вратиме европската демократија. Европскиот парламент се покажа како ќорсокак: тој ги претставува само неговите сопствени идеолошки и институционални интереси. Улогата на националните парламенти треба да се зголеми.
  • „Србија мора да биде примена во Европската унија како членка!“, порачува во последната точка унгарскиот премиер.