Случај „Организатори на 27 април“: Завршни зборови на одбраната

Во Основниот кривичен суд во Скопје, одбраната и обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ денеска треба да ги дадат завршните зборови.



Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кои се товарат за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Рускоска, во своите завршни зборови рече дека обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.