Јавниот долг на Србија кон крајот на мај годинава бил 28,078 милијарди евра, односно 55,6 проценти од бруто домашниот производ (БДП), објави денеска српското Министерство за финансии.
Јавниот долг во мај во номинален износ е зголемен за нешто пов еќе од 304 милиони евра во однос на април, кога изнесуваше 55 отсто од БДП.
На крајот на минатата година јавниот долг на Србија изнесувапе 26,66 милијарди евра или 57,4 отсто од БДП.
За споредба, јавниот долг на Македонија на крајот од април достигна 62,5 проценти од БДП.






