ЕСИ: Западниот Балкан длабоко заглавен на патот кон ЕУ

Шефот на влијателната паневропска невладина организација Европска иницијатива за стабилност смета дека земјите од Западен Балкан се заглавени во бескраен период на патот кон ЕУ која нема визија што да прави со нив.



“Сега, земјите од Западниот Блкн се заробени во бесконечен процес на трансформација за пристапување, без постигнување цел … ниту во интерес на ЕУ ниту во интерес на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина”, пишува Гералд Кнаус шеф на ЕСИ организација која до Брисел, Берлин, Париз, Хаг, Виена и други центри дава предлози за надминување на блокадата но без поголем успех.

Според последниот предлог на ЕСИ Брисел треба да ги отвори целосно вратите на Единствениот европски пазар односно на Европската економска заедница за Западен Балкан како некаква замена за полноправно членство.