Интерпелација за спикерот Џафери

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова и пратеникот Димитар Апасиев на денешната заедничка прес конференција соопштија дека поднеле интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери.



Тие дадоа образложение со три главни причини: Поради тоа што Џафери во обраќањето на Самитот на Европскиот парламент говорел само на албански јазик, потоа за начинот и примената на албанскиот јазик во Собранието, како и за гласањето на пратениците во Собрание.