Симовски: Не планираме одложување на пописот

„Не планираме одложување на пописот, изјави во Утрински брифинг директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.



Сепак, тој вели дека се’ ќе зависи од состојбата со пандемијата.

„Но, со оглед на последните инфомации, не очекуваме дека во септември ќе имаме пик како што имавме во март и во април. Она што сигурно ќе направиме е да ги почитуваме сите мерки на зашштита, односно ќе се однесуваме во пописот како да е најголемиот пик на заразата, почитувајќи ги сите мерки. Од тој аспект населението не треба да биде загрижено.

Тој вели дека во септември сеочекува да биде убаво времето, и дел, каде што има можност, пописот ќе се проведува на отворено.