Таравари: Можна е предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но и со СДСМ

За Алијансата на Албанците можна е и предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но и со СДСМ најави гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари.



„Апсолутно ќе имаме коалиции. На локални избори победуваат оние кои имаат најмногу коалиции со разни партии. Ќе видиме по структурата на население во општините, така и ќе постапуваме. Најверојатно во Гостивар ќе се обидеме да направиме коалиција и со македонска партија, со две-три кои функционираат, со турски партии, ромски партии… Ќе се обидеме да соработуваме со сите партии, бидејќи овде не се гласа за партија, туку за личност“, изјави Таравари.

Тој рече дека има големи шанси пак да биде кандидат на Алјанса на Албанците за градоначалник на Гостивар.