Колумнистот Медаи Шахоли смета дека прогласувањето само на еден дел на Шар Планина како нов национален парк, а не целата нејзина територија, е„перфидна политика, со која Али Ахмети и неговите интегративци влечат тактички потези пред локалните избори, за да ги заведат Албанците од Тетово и Гостивар со своите ‘зелени агенди’, но само заради сопствени политички профити и други придобивки“.
Шахоли ги изнесува овие тврдења во својата колумна под наслов „Новата политика на зазеленување – меур од сапуница“, која ја објавува весникот „Лајм“ и некои други медиуми на албански јазик во Македонија.
Шахоли пишува: „Откако Парламентот на ‘северна‘ го прогласи како национален парк еден дел на планината Шара лидерот на интегриститеАли Ахмети изјави дека со овој закон се потврдила уште еднаш одлуката за нивната ‘зелена политика‘.‘И ова ветување се оствари со гласањето во Парламентот. ‘Зелената агенда‘ е поквалитетен живот за сите нас‘ – рече Ахмети.
Но, последните постапки на Владата за прогласување еден дел на Шар Планина како ‘национален парк‘ се тактички потези пред локалните избори, кои се прават заради политички придобивки, кога се знае дека оваа Влада и оваа коалиција не сториле ништо во нивниот мандат за заштита на околината и за зазеленувањето.“
Велејќи дека „прогласувањето само на еден дел на Шар Планина како национален парк, а не целата нејзина територија, е игра пред бирачкото тело на Тетово и Гостивар, за да ги заведат Албанците од Полог со ‘зелени агенди‘, колумнистот: дополнува: „Тоа се перфидни политики, кои не ја решаваат невработеноста, ниту го заштитуваат амбиентот во таа област, туку продолжуваат да го користат протекот на реките близу зоната наречена ‘национален парк‘ за нивна корист преку изградените минихидроцентрали.“
„Ова е нова политика со стари лаги на интегристите, кои ќе ги лажат Албанците дека со ‘зелената агенда‘ ќе ги ‘хранат’ албанските овци во идните четири години ветувајќи ‘вкусна трева‘ на рамнините на Шар Планина, но без да отвораат нови работни места, ниту да има подобар живот за сите.“ – заклучува Медаи Шахоли во својата колумна, што ја објавува „Лајм“.
Извор: https://lajmpress.org/politika-e-re-e-gjelberimit-nje-fluske-sapuni/






