САД ја засилија планираната итна евакуација на американската амбасада во авганистанскиот главен град Кабул, поради стравувањата дека влошената безбедносна состојба може да биде закана за дипломатски кор, како и на други Американци, објави The Wall Street Journal.
Подготовките се дел од повлекувањето на САД од Авганистан, за кое Пентагон соопшти во петокот, дека ќе се одржи до крајот на август.
Американската армија се повлече од воздушната база Баграм, која е во центарот на американските воени операции во Авганистан скоро 20 години.







