Стоев: Сега членките на ЕУ слушаат што вели Бугарија

Бугарија е подготвена веднаш да го започне процесот на преговори со Албанија, а со Република Северна Македонија привремената влада е обврзана со Декларацијата на 44-то Национално собрание и Рамковната позиција на Советот на министри од октомври 2019 година.



“Ова се црвени линии одобрени од сите политички сили. тие се почетна точка за нашата конзистентна политика“ , изјави в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев.

Тој вели дека привремената влада наметнала дијалогот со Македонија и со бугарските партнери во ЕУ како нов момент во политиката, што досега не било случај.

„Поразлично е и активното разјаснување на нашата позиција на нашите европски партнери – нешто што недостасуваше до сега. Сега има слушаност – ако претходно имаше повеќе критики отколку разбирање, сега земјите-членки слушаат што вели Бугарија “, вели Стоев.

Министерот побара „говорот на омраза да исчезне“ и повтори дека Бугарија е отворена за дијалог со Македонија заснован на доверба која е изгубена поради тоа што голем број политичари од Република Северна Македонија избраа да ги посетуваат главните градови на земјите-членки на ЕУ, наместо да разговараат со нивните партнери во Бугарија.

„Овој притисок, што тие се обидоа да го наметнат на Бугарија преку нашите партнери, не доведе до резултати. Крајно време е да се разбере дека најдиректен начин е билатералниот дијалог “, вели Стоев.