Во 1960-тите, Вејли Фанк била учесник во програмата позната како „Меркур 13“ за испраќање на првите Американци во вселената, и дел од групата од 13 жени биле подложени на истите тестови како и машките астронаути избрани како дел од програмата „Меркур“ на НАСА.



„Ми рекоа дека ја завршив работата подобро и побрзо од кој било човек“, вели Фанк во видеото објавено на Инстаграм профилот на Џеф Безос, пренесе Би-би-си.

„Им велев дека сакам да бидам астронаут. Но, никој не ме сакаше“ вели Фанк, чија желба конечно ќе се оствари.

Сега веќе 82-годишната Вејли Фанк, на 20. јули ќе патува во вселената заедно со Џеф Безос и воедно ќе биде најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата „Блу Ориџин“. Таа ќе биде четвртиот патник на првиот лет организиран од компанијата за вселенски туризам, а покрај екипажот во тој лет ќе бидат и милијардерот Безос, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата, чие име сè уште не е објавено.

„Не ни помислував дека еден ден ќе отидам таму. Никој не чекал толку долго “ вели Фанк.

На прашањето на Безос, што ќе биде првото нешто што ќе го рече, откако ќе се пристигнат во вселената, таа возбудено одговори:

Ќе кажам „Душо, ова е најдобрата работа што ми се случило“.