Сите пензионери во Цна Гора кои ќе се вакцинираат во текот на овој месец, ќе добијат ваучер за туристи во вредност од 50 евра, како една од мерките донесени од Советот за борба против коронавирусот во таа земја.
Исто така, слободен ден по вакцинирањето ќе им биде даден на вработените во државните институции.
На сите граѓани на Црна Гора кои биле вакцинирани со вакцина „Синофарм“ или „Спутник V“, заради патување во странство, а доколку одредена земја го бара тоа, ќе добијат бесплатно ПЦР тестирање на Институтот за јавно здравје.







