Стојкова – Серафимовска: Мила бега како ѓавол од културно наследство

Пратеничката Велика Стојкова Серафимовска прави анализа како Европската унија и УНЕСКО го третираат културното наследство а како истото го третира министерката за образование и наука Мила Царовска.



Таа е убедена дека Царовска својот однос кон културното наследство го гради врз основа на насоките од премиерот Заев.

“Додека Мила Царовска интегрира предмети и ревносно бега к’о од ѓавол од културното наследство (столбот на идентитетот) следејќи си го господарот Зоран Заев, UNESCO и EU истото го интегрираат во сите предмети. Така е кога си играш со NGO, а не со релевантни институции”, пишува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.