Трите бачила на Шар Планина кои ги истражуваат Јавното обвинителство и неколку други институции се во сопственост на сегашниот директор на Управата за заштита на животната средина, Хисен Џемаили инаку висок функционер на ДУИ.
Оваа управа е во рамки на министерството за животна средина која ја води министерот Насер Нуредини исто така од ДУИ.
Трите бачила кои сега треба да се уриваат предходно во неколку наврати требало да бидат урнати но секогаш во последен момент сопственикот ги спасувал.
Џемаили во тетовската јавност се споменува како најсериозен кандидат за директор на новиот Национален парк Шар Планина а во јавноста стана познат откако порталот мкд.мк откри дека иако бил државен функционер од министерството за екологија добивал парична помош за своја невладина организација.
Линк до сторијата
https://m.mkd.mk/makedonija/politika/hisen-dzhemaili-se-izbrisha-od-sopstvenicite-na-zdruzhenieto-koe-dobilo-pari-od
По вчерашното усвојување на Законот за национален парк Шар Планина, од страна на јавен обвинител од Тетово во координација со инспекторат за земјоделие, градежен инспекторат од Тетово, Економски криминал од СВР Тетово, Катастар од Тетово излезено е на лице место со цел вршење на увид на 3 незаконски изградени Бачила на Шар Планина: 1. Јелак 2. Царипашина 3. Џинибег.
ДУИ вчера брифираше дека нема да прави компромис до узурпаторите на природните убавини и заштитни локации.






