Во Русија, трет ден по ред, е забележана највисока смртност од вирусот корона – во последните 24 часа починале 672 лица, јавуваат медиуми.
Руските власти објавија дека имало 23.543 нови случаи, што е најголем број од средината на јануари, објави Бета.
Од почетокот на епидемијата, 5,5 милиони луѓе се разболеле во Русија, а 135.886 починале.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера апелираше до своите сограѓани да се вакцинираат против коронавирусот.






