По вчерашното усвојување на Законот за национален парк Шар Планина се врши проверка и анализа на дивоградби кои ќе мораат да се урнат затоа што ја загрозуваат природата и концептот на националниот парк.
На терен на Шар Планина веќе излегол Јавен обвинител од Тетово кој е во координација со инспекторатот за земјоделие, градежен инспекторат од Тетово, инспектори од Економски криминал од СВР Тетово и претставник на Катастарот од Тетово.
Јавниот обвинител и другите институции вршат на увид на три незаконски изградени бачила на локациите: Јелак, Церипашина и Џинибег.
Сите три објекти на наведените локации се во сопственост на висок функционер на ДУИ и актуелен директор на институција која треба да се грижи за заштита на животната средина.
Вчера попладне извори во ДУИ брифираа дека нема да се прави компромис со Зелената агенда и дека по секоја цена ќе бидат урнати сите незаконски изградени објекти во заштитени зони без разлика дали тоа ќе предизвика судир меѓу партиските структури.
Повеќе детали за овој судир
Започнува жесток судир меѓу “Зелената” и “Сивата” агенда во ДУИ






