Министерот за финансии Бесими открива позитивна страна на КОВИД-19

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на Преспа Форум Дијалогот што се одржува во Охрид говорел за позитивните аспекти на Ковид-19 кризата.



„Позитивната страна на КОВИД-19 е тоа што влијаеше врз нашата колективна совест – целата меѓународна заедница соработуваше, дури и во процесот на преземање на соодветните мерки, учевме едни од други. Ова е силата на заедништвото”, порачува Бесими во пораката на настанот што се одржува во Охрид а која е објавена и на социјалните мрежи.