Изјавата на државниот секретар за европски прашања на Португалија Ана Паула Закаријаш потврдува дека Бугарија е ценета членка на Европската унија, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, за БГНЕС
„Нашето мислење е почитувано. Колегите во различните институции на ЕУ – Европскиот парламент, Европската комисија, Европскиот совет – ја разбираат бугарската позиција, која е поврзана со чувствителниот дел од нашата заедничка бугарска историја, како што е напишано во Договорот за добрососедство и пријателство со РС Македонија “, вели Ковачев.
Ковачев вели дека португалската министерка повикала да се почитува бугарскиот став за Македонија и да не се внесуваат несогласувања во ЕУ. Таа исто така рече дека јазикот на Северна Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик.
Нејзината изјава предизвика бран на незадоволство во Скопје, па дури и премиерот Зоран Заев побара проверка на автентичноста на нејзините зборови,објавува БГНЕС.






