Што треба да прифати Македонија согласно португалскиот предлог (ФОТО)

Според документот кој го објави Канал 5 а кој е поделен во 4 анекси, се предвидува посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција.



„Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година„ – ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог до кој дојде Канал 5.

Ден по изјавата на португалската министерка Закаријаш која ја оцени како несреќна, и вицепремиерот Димитров потврди дека пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија.

Според португалскиот предлог, откако Македонија и Бугарија ќе ги достават декларациите, и Европскиот совет ќе излезе со своја декларација во која во третата точка се наведува дека Советот ја забележува позицијата на Бугарија дека терминот „Македонски јазик“ треба да биде сметан во согласност со уставот на земјава, јавува телевизијата.

Повеќе детали на овој ЛИНК