Цената на струјата, ќе се зголеми за 12,5 проценти, но со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 отсто од први јули, крајната цена за домаќинствата ќе остане иста или ќе биде за помалку од еден процент пониска.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија ќе се намали од 18 % на 5%.
„Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВто за електрична енергија. “ изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги..






