Најмалку 34 жртви од пеколните горештини во Канада

Најмалку 34 смртни случаи се регистрирани во последното деноноќие во регионот околу Ванкувер, западна Канада, како резултат на рекордните горештини, пренесуваат француските медиуми.



Големата жештина се смета за главната причина за повеќето смртни случаи, иако поголем дел од жртвите биле повозрасни лица, додаваат од локалната полицијата.

Во градот Литон, во Британска Колумбија, пред два дена беа измерени рекордни 47,9 степени Целзиусови, јави локалната метеоролошка служба, со што се надмина канадскиот рекорд од 45 степени Целзиусови, измренеи на Мидале во 1937 година.