Трифонов одби дебата со Борисов: Со терористи не преговраме

„Американците не преговараат со терористи. Ниту ние“, изјави Тошко Јорданов, заменик претседател на партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов, одговоријки на прашањето дали тие би учествувале во предизборна дебата со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.



На предвремените парламентарни избори кои во Бугарија треба да се одржат на 11 јули, социолозите предвидуваат победа на партијата на Трифонов, а ГЕРБ на Борисов ќе биде втора,пишува „Сега“.

Поранешниот премиер на изборниот митинг во понеделникот вечерта рече дека „противниците на ГЕРБ сакаат да растат, но не со добри идеи, туку со злоба, реваншизам и компромиси“.

„И ова ќе им ја јаде главата, бидејќи Бугаринот не сака зли луѓе“, рече Борисов.