Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва на ТВ Еуроњуз изјавиви дека иницијативата „мини Шенген”, во која Србија е со Северна Македонија и Албанија, ќе го смени името на самитот во Скопје, што ќе се одржи на 28 и 29 јули, јави доспиникот на МИА од Белград.
Тој додаде дека трите земји ќе продолжат да работат со доверба едни во други.
„Кога ќе разбереме дека сме на европски пат, но дека сами можеме да сториме повеќе во моментов, да создадеме доверба и ако успееме да склучиме три договори до 29 јули, сите наши капацитети ќе бидат поголеми – кажа Вучиќ, додавајќи дека тоа не е замена за европската интеграцијата на било која земја.
Тој оцени дека овој проект е многу важен како идеја за иднината, затоа што ќе им овозможи капацитети на сите кои учествуваат во тоа.
„Во ЕУ не постои желба за проширување. Ќе сториме сè, постигнавме напредок во владеењето на правото, бевме конструктивни во разговорите со Приштина, и добивме ли нешто- не! Постои политичко заситување со проширувањето кон ЕУ – кажа Вучиќ на ТВ Еуроњуз.







