Апологет на Заев и кажа фала на владата за Ковид19 антитела

Еден од најголемите поддржувачи на премиерот Заев, аналитичарот Ненад Јовановиќ, и се заблагодари на владата за антителата во организмот што ги има во моментов и за тие што ќе ги има во иднина.



“Голема благодарност до нашата Влада за денешните и идните антитела. Ова денес за мене е историски момент затоа што само солидарноста може да не’ штити од она што се пренесува од уста на уста.

Можев да побарам антитела и кај владата на Вучиќ, можев да плукам по мојата, ама тоа не го направив затоа што знаев дека никој свесно својот народ нема да го остави без вакцини. Што е уште поважно, вакцини има, луѓето кои се на пунктовите за вакцинација се љубезни и се е во најдобар ред.

Во себе имам два часа мртва корона. Некако се чувствувам убаво, заштитено и спокојно”, пишува Јовановиќ кој јавно призна дека барал помош од општинската организација на СДСМ во Кавадарци по што таа била вработена во државна компанија.