Кирјаковски: Странците мислат дека политиките на Заев се ставови на Македонците

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски смета дека е логично Македонците да не добиваат никаква меѓународна поддршка во одбрана на македонските национални интереси во ситуација кога на избори победува СДСМ на чело со Зоран Заев.



“Се додека Заев е на власт, па макар и со лажирана демократија, странците ќе претпоставуваат дека политиките кои (понижувачки) ги тера Заев, се политики на македонскиот народ”, смета професорот Кирјаковски објаснувајќи го феноменотот на молк на западните земји кои не реагираат на очигледното кршење на македонските колективни човекови права од страна на соседите со помош на актуелните власти во Скопје.