Опасен отпад фрлен покрај детски игралишта (ФОТО)

Медицински отпад кој може да биде опасен по здравјето на граѓаните е фрлен до обични контејнери за ѓубре во скопската општина Јане Сандански.



Според очевидците кои го забележале отпадот тој е фрлен од страна на здравствена институција на локација каде што гравитираат голем број деца.

Македонија со години има специјални протоколи за уништување на медицински отпад но очигледно сега некој решил дека ова е најлесниот начин за негово отстранување.

Медицински отпад е отпад кој што се создава во медицинските и во здравствените институции (стационари, болници, поликлиники и амбуланти, стоматолошки ординации,
ординации кои даваат одредени здравствени услуги, истражувачки лаборатории – институти ветеринарни друштва и слично) кој настанува како производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенција на
болести кај луѓето и животните.

На потег се министерот за здравство Филипче, здравствените власти и инспекторите кои вршат мониторинг на животната средина кои треба да утврдат дали е прекршен законот и да ги казнат прекршителите.

Нема информации дали во отпадот има искористена опрема за заштита од Ковид-19, шприцеви или друг опасен материјал.