Последните македонски војници се враќаат мисиите на НАТО во Авганистан

Во касарната „Илинден“ денеска ќе се одржи церемонија по повод враќањето на последните македонски војници од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.



„Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, во согласност со одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“.

Со тоа заврши речиси две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, наведуваат од Министерството.