Грчката влада со по 150 евра ќе ги мотивира младите да се вакцинираат

Грчката влада објави дека ќе им додели платежни картички со по 150 евра на млади луѓе на возраст од 18-25 години со цел тие да прифатат да прмат барем една доза од вакцина против Ковид-19, како поттик за зголемување на бројот на вакцинирани во земјата, пишува Катимерини.



Со картичките ќе гможат да се покријат трошоци за патувања и забава, како што се билети за авиони и траекти, резервации за хотели, музика, театар и кино, музеи и археолошки места.

Презентирајќи ја картата на почетокот на состанокот со министрите во понеделникот, премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека ова е „оддолжување кон нашата младина, благодарност, особено во пресрет на летото „благодарам’ за нивната трпеливост и истрајност “ за времме на корона-кризата.

Во исто време, тоа е исто така поттик за младите – кои по својата природа се попдвижни – да се вакцинираат. И колку повеќе тие се заштитени [против вирусот], толку повеќе ќе го ограничиме пренесувањето на вирусот, изјави грчкиот премиер.

За овој проект се издвоени до 141 милиони евра.

Грчката влада се надева дека 60 проценти од вкупно 11 милиони жители на Грција ќе бидат вакцинирани до крајот на јули.