Царовска сака децата да се вратат на училиште, но најави 2 други сценарија

Министерството за образование и наука подготви три сценарија за старт на учебната година од први септември кои заедно со протоколите денеска беа презентирани на Главниот координативен кризен штаб.



„Сите во Владата сме согласни дека најдобро е сите ученици од први септември да се вратат во училишните клупи под протоколите за заштита од ковид-19.

Ова е првото и најпосакуваното сценарио, но сепак неговата примена ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заразни болести“, изјави денеска министерката Мила Царовска.

Според второто сценарио со физичко присуство настава да следат учениците од 1-4 одделение, додека другите ученици, наставата да ја следат онлајн.

Третото сценарио, пак, предвидува враќање на сите ученици во училиштата под здравствени протоколи со ротација на присуството на учениците на една недела.