ЛДП за локалните ќе настапи во коалиција со партии од „центарот“!

Централниот одбор на Либерално-демократската партија на вчерашната седница донесе конечна одлука на следните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција која ќе ја сочинуваат неколку партии и бројни граѓански активисти.



„Центарот како проевропска опција е важна за граѓаните, особено на локално ниво да се креираат локалните политики и да се обезбеди подобра иднина на граѓаните, како и економски и социјален развој“, рече Горан Милевски, претседател на партијата.