Османи ја откри тајната за протерувањето на рускиот дипломат (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во последната емисија “Само интервју” на Канал 5 за прв пат ги откри за македонската јавност причините зошто пред извесен период беше протеран рускиот дипломат од земјава.



Дипломатот беше протеран во мај ова година откако според Османи, влегол во зградата на МНР без покана и без познати мотиви.

Во знак на реципроцитет подоцна и Русија протера македонски дипломат што за Османи беше неочекувано затоа што тој не ја прекршил Виенската конвенција.

“Доколку нашиот дипломат се однесувал како што се однесувал нивниот дипломат…. Не може да има реципроцитет доколку имало дипломатски инцидент и доколку се е работено спротивно на правилата на мандатот и статусот на дипломат, односно на Виенската конвенција. Доколку наш дипломат така би се однесувал, јас би го повлекол без Русија да има потреба да го врати назад. Така што, затоа јас ја сметав нивната одлука како политичка освета, на една одлука што е заснована на факти за прекршување на правилата на однесување на еден дипломат во државата каде што е”, вели Османи.

Целото интервју