Претседателот на државата Стево Пендаровски синоќа во гостување на „Сител“ изјави дека мора да се воведат одредени еколошки такси.
Запрашан дали ќе го потпише законот за еколошка такса, поретседателот рече:
„За жал, ќе мораме да одиме со одредени видови на еколошки такси. Тоа е тренд во Европа. Заштитата на животната средина значи многу пари. Ние ќе имаме огромна помош од ЕУ во овој дел и пред да станеме членки, меѓутоа самите не можеме да го истераме тоа“, рече Пендаровски и потсети дека во 2019-та само од загадување на воздухот околу 3.000 наши граѓани ги изгубија животите.
Владата го подготви Предлог-законот за воведување еколошка такса за нафтените деривати, а опозицијата најави блокада на законот во Собранието со образложение дека еколошката такса ќе значи нова давачка за граѓаните и поскапување на цените за транспорт и други производи.







