Николај Слатински, секретар за национална безбедност на експретседателот Георги Прванов и поранешен пратеник, со контрастав на актуелниот на бугарскиот државен врв во однос на Македонија и нејзината евроинтеграција.



„Јас не ги делам егзалтираните патриотски чувства од нашиот магарешки инает кон (С.) Македонија.

Гордост ли е тоа што го спречуваме токму овој сосед да влезе во ЕУ? Каде нашите браќа ќе бидат подобри и побезбедни – внатре во ЕУ или во разбојничкиот западнобалкански заден двор?

Дали сфаќаме дека сме во апсолутна изолација? Зар не сфаќаме дека нашето однесување не е само неевропско, туку и антиевропско?

Дали сфаќаме дека на овој начин само се оддалечуваме од оваа земја мила на нашето срце?
Конечно, зарем не разбираме дека сееме ветрови за да жнееме бури?

Зар не сфаќаме дека ова архаично, ориентирано кон минатото однесување отсекогаш ни избивало на нос и оти сега пак ќе биде така?

Како не сфаќаме дека Србија и Грција злорадо се кикотат зад дланките?

Каква балканска патрЕотарска идиотарија е нашава?

Најтажното е, сепак, дека ќе бидеме губитници и штом се правиме нови Грци на Балканот подоцна лицемерно ќе се тешиме во грчки стил, како што Грците се тешат себеси мазохистички дека победиле со тоа што сега не се велело Македонија, туку Северна Македонија.

Демек, Македонија, Македонија, ама Северна.

Ништо, вистината е безмилосно јасна – Северна, Северна, ама Македонија!!“, коментира на својот блог докторот по меѓународна и национална безбедност.