Премиерот на Словенија, Јанез Јанша рече дека неговата земја ќе се бори против двојните аршини во Европската Унија, откако Словенија ќе го преземе претседателството со ЕУ од Португалија.



На церемонијата по повод 30 години од Денот на државноста, Јанша симболично го презеде претседателството со ЕУ од португалскиот министер за надворешни работи и рече дека Словенија, бидејќи по вторпат претседава со Унијата, има одредено искуство во водењето на ваквите заедници.

„Знаеме што работи, а што не, знаеме дека двојните аршини се патот до распаѓање и ќе се бориме за еднакви правила за сите“, нагласи Јанша.

Заблагодарувајќи се на португалското претседателство со ЕУ Јанша рече дека визијата за Словенија и ЕУ се заснова на слободно изразување на мислење, високи стандарди за заштита на човековите права и владеење на правото, што подразбира еднакви правила за сите.

makfax.com.mk