Апел до македонски градоначалник: Спасете ги луѓето пред да се случи трагедија (ФОТО+ВИДЕО)

Загрижени граѓани за здравјето и животот на работници бараат медиумите да објават апел за здравјето на луѓе кои во најголема жештина денеска асфалтираат објект на локална власт.



На еден од кружните текови кој се гради во Кочани денеска на температура над 40 степени на сонце инвеститорот и изведувачот во опасност ги ставаат животите на десетина работници ангажирани на објектот.

Дополнително отежнувачка околност е што работниците немаат заштитна опрема, работат со врел асфалт кој се аплицира на кружниот тек а вода мораат да пијат од црево без да им се обезбедат студени пијалоци.

Според загрижените граѓани кои ја гледаат маката пред свои очи поради врелиот асфалт на кој мораат да газат работниците тие се соочуваат со дополнително зголемени температури далеку над 40 степени.

Како што се гледа од видеото од асфалтот испарува и гас кој исто така може да биде опасен.

За среќа засега сите работници се живи и здрави.

Граѓани се обиделе да пријават во трудовата инспекција но затоа што денеска е сабота не можеле случајот да го пријават кај ниту еден инспектор.

Според временската прогноза денеска во сенка во градот на оризот е 36 степени а наредниве денови во Кочани се очекуваат пониски температури.