Туристички автобус на српска камионска компанија, кој превезувал руски туристи, бил каменуван во Скопје, пренесува српскиот влијателен медиум Б92.
Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги скршиле стаклата, па затоа е неизвесно дали автобусот ќе може да го продолжи патот, пренесува Б92.
Медиумот пренесува дека според неофицијални информации, на лице место биле пронајдени траги од крв.





