„Не сум Бугарин. Бугарскиот за мене е странски јазик“

Симпатична иницијатива од поранешниот заменик министрер за надворашни работи и актуелен потпретседател на Демократскиот сојуз, Зоран Петров, е покрената на социјалните мрежи која досега ја прифатија стотици…



„Јас сум ЉУПЧО АРСОВСКИ. Не сум Бугарин. Бугарскиот за мене е странски јазик. Секоја дискусија за моето потекло е бесмислена. П.С. Ако мислите како мене, напишете го истото со вашето име и презиме на вашиот ФБ профил“.

Ова е идеја на поранешниот заменик министер за надворешни работи Зоран Петров, мојот драг пријател, напиша поранешниот македонски амбасадор во Грција и во Романија, еден од многутемина кој ја прифати иницијативата.