BBC во четвртокот ја претстави непубликуваната песна на Џорџ Мајкл, нешто повеќе од осум месеци по смртта на поп-ѕвезда. Продуцентот на Мајкл, Нил Роџерс рече дека на синглот има споделени чувства, со солзи, но и со радост и љубов.



Насловот „Фантазија“, е ремикс од 80. години, синглот беше објавен во емисијата на Chirs Evans Breakfast.

Џорџ Мајкл почина на 25. декември 2016. година на возраст од 54 години поради проблеми со срцето. Тој беше закопан на крајот на март во тесен круг на семејството и пријателите во северниот дел на Лондон, а долготрајна истрага покажа дека починал од природна смрт.

Двете сестри на Џорџ Мајкл, Мелани и Јода, објавија дека сакаат да продолжат со делото на братот и да „споделуваат“ од музичкото наследство „само како што тој би сакал“.

Со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук, Мајкл во последниве години живееше повлечено и подготвуваше албум, и автобиографски документарен филм.