Екс градоначалникот на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Бакрачевски кој не е дел од партиските органи во актуелното раководство на опозицијата направи неочекуван чекор на својот профил на Фејсбук.
Кардиохирургот Никола Бакрачевски кој беше градски татко на Охрид од 2013 до 2017 година најпрвин напиша статус во кој директно ја критикува Грција а индиректно го критикува премиерот Заев за неговата изјава дека не треба да се користи придавката македонски за фудбалската репрезентација.
По кратко време од необјасниви причини Бакрачевски го избришал постот со критика кон позицијата на Заев, кој рече дека не смее да се нарекува фудбалската репрезентација како македонска, и статусот веќе го нема на неговиот фејсбук профил.
Зошто познатиот кардиохирург го избришал постот не е јасно но не може да се исклучи дека бришењето се случило по притисок врз него.
Kaква вистина, какви бакрачи… Уцвика после еден повик 😉 По 5 минути АШ, објавата ја снема. А што убаво си напишал pic.twitter.com/Ex5P67xTmg
— Makedonski nepokor (@MNepokor) June 25, 2021






