Обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода, пренесоа медиуми.
Сударо меѓу две возила, „Поло“ и „Сеат Ибица“ се случила на крстосницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата.
Судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.
Обвинителката, Фатиме Фетаи, како што пишува „ин7.мк“, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не би требало да биде сериозна.







